Бурак Озчивит е еден од најомилените актери во Турција но и на Балканот и пошироко. Улогата на Бали Бег во серијалот “Сулејман Величенствениот” го издигна на високото место на најплатени актери во Турција, а неговото убаво лице стана заштитен знак и на многу рекламни кампањи.
На огромно жалење на фановите, особено на женската популација, актерот одлучил да се повлече од сцената бидејќи веќе извесно време се чувствува депресивно и поради тоа што му е потребен одмор.
Според турските медиуми, актерот се соочува со проблеми во семејството и работата, а негов близок роднина е сериозно болен.
Одлуката да се повлече од телевизиските екрани ја донел со поддршка на сопругата, актерката Фахрије Евџен.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------