Home INFO Цукерберг по стапките на Илон Маск: Илјадници вработени во Мета остануваат без...

Цукерберг по стапките на Илон Маск: Илјадници вработени во Мета остануваат без работа

реклама:

Откако Илон Маск ја превзема управувачката улога во Твитер, голем број на вработени, особено на менаџерски функции добија откази.

Според Wall Street Journal, ќе се случи најголемото отпуштање во технолошкиот сектор за оваа година, но не од страна на Маск, туку од Цукерберг.

Мета платформата ќе почне да отпушта вработени од денеска, изјави извршниот директор Марк Цукерберг, пренесува Wall Street Journal.

Вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата.

Се очекува да бидат отпуштени илјадници вработени,а њујоркшкиот весник, повикувајќи се на свои доверливи извори, открива дека Марк Цукерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата.

Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------