Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Да ја запознаеме новата девојка на Бред Пит со која се прошета...

Да ја запознаеме новата девојка на Бред Пит со која се прошета на црвениот тепих во Венеција

реклама:DIGITVMK

Бред Пит (60) пристигна на филмскиот фестивал во Венеција со својата девојка Инес де Рамон (31), која е 29 години помлада од него.

Инес, која од 2019 до 2022 година беше во брак со Пол Весли, ѕвездата на „The Vampire Diaries“, започна врска со Пит кон крајот на 2022 година.

Де Рамон е дипломирана во бизнис-администрација од Универзитетот во Женева и работи како менаџер во „Anita Ko Jewelry“. Таа зборува четири јазици и е сертифициран здравствен тренер за интегративна исхрана.

Инес и Бред беа видени заедно првпат на концерт во Лос Анџелес, а дебитираа на црвениот тепих во Венеција.

Инес носеше бел фустан на едно рамо, сребрена чанта и впечатливи обетки. Тие станале поблиски и поминаа време заедно во Шато Миравал, француската винарија на Пит.

Ова е првата сериозна врска на Бред по разводот со Анџелина Џоли. Џоли, пак, била во Венеција со раперот Акала, со кого се поврзува од крајот на минатата година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------