Home INFO Дали смеете да го пиете кафето кое стоело шест часа?

Дали смеете да го пиете кафето кое стоело шест часа?

реклама:G Natural

Колку пати ви се случило кафето кое сте го свариле пред неколку часа не сто го испиле до крај?

После извршувањето на домашните обврски или работните задачи, би се напиле уште неколку голтки, но повеќе не сте сигурни дали кафето е добро.

Одговорот зависи од многу фактори.

Кафе со млеко

Ако е добро затворено и е во фрижидер, млекото може да биде добро и една недела после отварањето. Ако кафето со млеко го оставите на собна темперарура подолго од некоку часа, фрлете го и сварете си ново.

Што ако има чуден вкус?

Свареното кафе може да го промени својот вкус веќе после 30 минути. После тоа имате отприлика четири часа пред маслата од кафето да се расипат, а тоа резултира со полош вкус. Значи, најдобро е кафето да го испиете во рок од половина час.

Дали е можно да се отруете?

Чистото црно кафе и после неколку часа е сигурно за пиење, но веројатно нема да имате подеднакво добар вкус кога сте го свариле. Доколку сепак се одлучите да го испиете, претходно загрејте го во микробранова печка, затоа што така во голема мера ќе ги уништите сите бактерии кои се насобрале во меѓувреме.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------