
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Иако во светот постојат милиони кучиња, секое е уникатно на свој начин. Но, ретко кое куче успеало да го освои интернетот како далматинецот по име Хемлок. Овој симпатичен миленик стана вирален поради урнебесниот начин на кој јаде грицки – видеото во кое темелно џвака еден крекер ги насмеа луѓето ширум светот.
@tooba.and.the.spots why he chew a cheezit like that #puppy #dalmatian #chomp ♬ original sound – tooba.and.the.spots
Неговото семејство на крајот од октомври сподели снимка што преку ноќ стана хит и собра над четири милиони прегледи. На видеото се гледа како Хемлок со неверојатна посветеност „мљацка“ и ужива во својата закуска. „Зошто така го џвака тој крекер?“ – се пошегуваа сопствениците во описот на објавата.
Многу сопственици на кучиња се пронајдоа во духовитите коментари под видеото. Додека повеќето кучиња ја голтаат храната без размислување, Хемлок ужива во секој залак. „Тоа е повеќе џвакање отколку што моето куче направило во целиот свој живот“, се нашолил еден корисник. Друг додал: „Практичен е – ги потроши сите калории пред воопшто да ја проголта грицката.“ 😄






