Home ШОУ БИЗз Мак сцена Денеска ќе биде погребан прерано починатиот пејач Влатко Илиевски

Денеска ќе биде погребан прерано починатиот пејач Влатко Илиевски

реклама:G Natural

Прерано починатиот пејач Влатко Илиевски ќе биде погребан денес напладне на гробиштата во Ѓорче Петров.
Неговото тело ќе биде изложено во капелата од 11 до 12 часот.

Следната недела ќе бидат познати причините за смртта на Илиевски, потврдија од Институтот за судска медицина. Потребен е период да се реализира обдукцијата врз телото на пејачот и да се утврдат вистинските причини за неговата прерана смрт.

Безживотното тело на Илиевски, беше пронајдено саботата наутро во неговиот автомобил на улицата Трета македонска бригада во населбата Аеродром во Скопје.

Според првичните информации, кај починатиот поп-пејач Влатко Илиевски не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

Дежурен јавен обвинител од ОЈО работи на расветлување на причините за смртта на 33-годишниот Илиевски.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------