Home ♡ за деца Детско игралиште од 1.400 м2 во Битола, донација од „Бимилк“ (видео)

Детско игралиште од 1.400 м2 во Битола, донација од „Бимилк“ (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Во присуство на граѓаните на Битола, претставници на локалната самоуправа и голем број гости, “Бимилк“ свечено го отвори Битолското детско игралиште.

Новото игралиште во битолскиот градски парк е место за игра, забава, рекреација и безгрижно детство на младите и следните генерации кои ќе растат заедно со производите на “Бимилк“.

Игралиштето е донација од Битолска млекара за градот, коешто компанијата го посветува на децата и нивната здрава и среќна иднина.

– Грижата и активниот однос кон заедницата е наш придонес што произлегува од корпоративната стратегија на Млекара Битола. Како најголема и прва млекара во државата, покрај производи со врвен квалитет преку вакви донации создаваме и трајни вредности со цел да поттикнеме и мотивираме на едукација, на рекреација и сето она што е потребно за децата здраво и среќно да растат. Преку пренесување на вистинските вредности кај децата правиме чекор напред кон подобрување на условите во општеството и животот во целост. Наша традиција во делувањето е да иницираме различни активности кои на најмладите ќе им овозможат поубаво и поздраво воспитување, затоа што сите растеме заедно и треба тоа да го направиме поквалитетно и посреќно, истакна Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер на Бимилк.

Игралиштето е лоцирано во Градскиот парк на вкупна површина од 1 400 m2 и располага со 15 реквизити за индивидуални или игри во група.

Вредноста на донацијата е 2.000.000 денари.

Игралиштето е изградено во соработка со Општина Битола и според градоначалникот Коњановски е една од потребите на градот и содржина што недостига.

Отворањето на детското игралиште беше проследено со многу забава, музика, креативни игри и едукација.

За најмладите беа организирани и едукативни работилници на тема екологија преку кои на децата на интересен, креативен и игривен начин им беше претставено рециклирањето и пренамената на отпадот.

Битолска млекара, како најголем производител на млеко и млечни производи спроведува обемна општествено одговорна програма на локално и национално ниво, во која најголем акцент се посветува на децата.

Оваа година првата млекарница во државата го обележува својот голем јубилеј – 70 години работа и производството на првокласни млечни производи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------