Home INFO Џесика Алба проговри за злоставувањата во Холивуд

Џесика Алба проговри за злоставувањата во Холивуд

реклама:G Natural

Џесика Алба е уште една актерка која одлучи да проговори за сексуалните злоставувања во Холивуд. Алба, која ја започна актерската кариера на само 13 години, во интервју за Си Ен Ен раскажа дека доживеала вид на сексуално злоставување.

„Веројатно тоа не требаше да го прифатам, но како млада актерка која расте во Холивуд едноставно прифаќаш дека така ќе те третираат. И тоа не е нешто што го одобрувам, искрено… Морав брзо да научам како да се извлечам од сето тоа, па не се случи ништо посериозно“, рече Алба

„Беше многу непријатно. Морате да внимавате на знаците кои ве предупредуваат дека постои опасност, да го слушате инстинктот кој ви говори дека нешто не е во ред“, предупреди Алба и порача дека е крајно време да се разговара за овој проблем.

Говорејќи за нејзиното искуство за продуцентот Харви Вајнстајн кој многу жени го обвинија за сексуално злоставување, рече дека никогаш не останала сама со него.

„Бев во различни ситуации, и затоа ми е многу важно да разговарам за се со моите ќерки, да им дадам до знаење дека само тие можат да го контролираат своето тело и ситуацијата во која се наоѓаат“, заклучи Алба.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------