Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive ДНК собраа 690 илјади денари за лекување на Леонид – Златната Буба...

ДНК собраа 690 илјади денари за лекување на Леонид – Златната Буба Мара се продаде за 240 илјади денари

реклама:

Пред неколку дена се одржа 27-то изданиe на „Златна Бубамара“, а помеѓу наградените беше и познатиот музички бренд „ДНК“ за нивната соработка со Раде Врчаковски – Врчак.

Тие ја добија наградата за „Песна на годината“, односно за нивната нумера „Посреќна“, која навистина е еден од најголемите хитови последниве неколку месеци.

На сцената покрај Панчо и Андреј, за првпат по неколкугодишна медиумска апстиненција се појави и Врчак, кој предизвика овации кај публиката во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Но, она што го направија „ДНК“ по завршувањето на оваа манифестација, е за почит и огромен аплауз.

Имено, тие решија нивната награда, односно статуетка, да ја стават на лицитација за хумани цели. Собраните средства од истата, момците од „ДНК“ и Врчак ќе ги наменат за лекување на Леонид Индов – Лео.

Вечерва, официјално заврши лицитацијата за статуетката и таа заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари. Но, освен овие средства, ДНК собраа и дополнителни 440.000 денари за лекување на Леонид, средства обезбедени од Filip Patrikliski (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео.

– Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце, потенцираат дечките од ДНК во својата објава.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------