Home INFO Добил 40 милиони евра на лото, но парите ги подигнал дури по...

Добил 40 милиони евра на лото, но парите ги подигнал дури по десет месеци! Еве зошто!

реклама:Велигден со Стаф

Виетнамски бегалец во Канада со децении на лото ги играл истите броеви.

Конечно му се посреќило и добил неверојатна парична добивка од околу 40 милиони евра, но парите ги подигнал дури по десет месеци.

Имено добитникот целиот овој период психички се подготвувал за своето богатство.

„Размислував што ќе значат овие пари за моето семејство“, рекол добитникот Бон Труонг на прес-конференција.

„Сфатив дека ќе се променат многу работи и сакав да бидам сигурен дека ќе бидеме подготвени за тоа“

Бон, кој има 55 години, во Канада дошол по војната во Виетнам а со дел од добивката планира да ја исплати хипотеката, сите други сметки и да замине на годишен одмор пред да му се врати на градинарството.

Тој се уште не им кажал на децата за добивката, сака тие да успеат во животот со својата работа.

„Можеби ќе им кажам за десет-дваесет години“, рекол тој, смеејќи се.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------