Home INFO Еве како да го решите проблемот со прејадувањето

Еве како да го решите проблемот со прејадувањето

реклама:Велигден со Стаф

Многумина од вас честопати водат борба со самите себе кога е во прашање храната.

Многу често знаеме да претераме со јадење, особено со она омиленото, а потоа да се соочиме со последиците од прејадувањето.

Еве неколку корисни совети како да го решите овој проблем.

Направете чистка во кујна

Сите имаме храна на која тешко може да и одолееме: чоколада, чипс, сладолед.. Најлесно е да не се доведуваме во искушување. Не купувајте производи кои се полни со калории и масти. Ако ви се јаде сладолед, купете еден, а не семејно пакување.

Јадете почесто но во помали количини

Кога подолг период сме гладни, се прејадуваме затоа што губиме самоконтрола.

Зошто јадете?

Кога се чувствувате гладни, обидете се да процените колку навистина сте гладни. И дали воопшто сте гладни, особено ако неодамна сте јаделе. Понекогаш, не е лошо да се напиете чаша вода кога ќе добиете ненадеен и неочекуван глад, затоа што организмот ги меша гладот и жедта.

Јадете пополека

Доколку не сте фокусирани на храната, со поголема веројатност ќе продолжите да јадете кога веќе сте најадени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------