Home INFO Додека Роналдо е сеуште на листа на чекање, Босанец прв го купи...

Додека Роналдо е сеуште на листа на чекање, Босанец прв го купи најскапиот автомобил на светот

реклама:DIGITVMK

Можеби Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер на планетата, но ниту еден Португалец нема толку среќа како Босанецот Садо Максути кој прв ја купи најскапата машина на светот.

Садо, човек кој некогаш беше во музичката индустрија, денес е горд сопственик на италијанскиот суперавтомобил Ares S1, кој беше произведен во ограничена серија од 24 примероци ширум светот.

Босанецот е првиот на планетата кој го поседува овој луксузен автомобил, за кој Роналдо е на листа на чекање, пишува Гранд.рс.

Иако цената на оваа машина е дури еден милион евра, среќата да ја купат имаат само одредени луѓе, но моментално меѓу нив не е најплатениот спортист, туку Босанец од Приједор.

Садо ги оствари поголемиот дел од детските соништа, а еден од нив е поседување луксузни автомобили.

– Како дете ги сакав автомобилите. Тато имаше Лада пред војната, а јас секогаш му велев да купи подобра. Возам луксузни автомобили од 1999 година. Најскап е Ares S1, а во мојата гаража имам неколку луксузни автомобили. Мојата животна желба е да најдам и купам специјален модел Lade 1600, во црвена боја, кој сакам да го реставрирам – вели Садо, чиј живот звучи како холивудски приказни.

Од семејство на ресторани, до бегалец во Швајцарија, преку соработка со Еминем, 50 Cent до поседување автомобил чија вредност се проценува на еден милион евра.

Овој успешен бизнисмен од Босна заминал во Швајцарија како бегалец и напоменува дека неговиот животен пат не бил воопшто лесен, но дека трудот, квалитетот и упорноста сепак се исплаќаат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------