Home INFO Докторите идентификувле нов, досега непознат симптом на корона вирусот

Докторите идентификувле нов, досега непознат симптом на корона вирусот

реклама:ХитКујна канал

Вирусот Ковид 19 е сеуште непознат, па лекарите се обидуваат врз основа на клиничката слика на пациентите и текот на болеста да дознаат нешто повеќе.

Новата студија покажала дека некои пациенти заболени од корона вирусот можат да имаат и неврлошки проблеми, како вртоглавица, главоболки и пореметување на свесноста, пренесува Њујорк Пост.

Студијата се спроведувала од страна на неколку истражувачи од Вухан во Кина, а биле анализирани симптоми на 214 инфицирани пациенти.

Скоро половина од заразените со тешка клиничка слика имале пореметување на нервниот систем.

Отприлика една третина од сите анализирани пациенти во кои спаѓале и полесните и тешките случаи, имале невролошки симптоми.

Деветнаесет од испитаните пациенти имале оштетување на сетилата, како губење на вкус и мирис, покажало истражувањето.

Сеуште не е познато зошто болеста кај некои поединци се развива во тешка клиничка слика, а кај други проаѓа со сосема благи симптоми.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“