Home INFO Другата страна на приказната: Сведочење на Џони Деп (видео)

Другата страна на приказната: Сведочење на Џони Деп (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Сеуште трае судскиот спор помеѓу бившиот холивудски пар Џони Деп и Амбер Херд.
Јавноста слушна разни пикантерии од времето додека биле во брак, а во вторникот Деп имаше можност да ја каже својата страна на приказната.

Тој се обрати пред судот во Вирџинија за случајот во кој ја обвинува неговата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета, која претходно го обвини актерот за семејно злоставувањ.

Според странските медиуми, во своето тричасовно сведочење, актерот зборувал за нејзините обвинувања и нејзината историја на злоупотреба на дрога.

„Мојата цел е вистината“, го започнал своето сведочење.

Тој ја тужи својата поранешна сопруга и бара 50 милиони долари поради написот објавен во „Вашингтон пост“ во 2018 година во кој таа прозборе за семејното злоставување. Деп не беше спомнат по име во ова дело, но претходните настани укажаа за кој станува збор.

Деп тврди дека текстот на Херд му нанел финансиски загуби, вклучително и откажување на идни проекти како продолженијата на „Пиратите од Карибите“ по цели 15 години.

„Еден ден си Пепелашка така да се каже, а потоа за нула и шест секунди си Квазимодо“ – потврдил како кариерата му се уништилаоткако обвинет за злоставување.

„Јас не го заслужив тоа, ниту моите деца, ниту луѓето кои веруваа во мене сите овие години“, изјавил Деп.

Во своето сведочење Деп призна дека тој и Херд се расправале за време на врската.

„Никогаш не стигнав до точка да ја удрам госпоѓа Херд на кој било начин, ниту пак сум удрил некоја жена во својот живот“, потенцирал актерот.

Целото сведочење можете да го погледнете во видеото подолу!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------