Home INFO Дубаи ќе претвори 64 километри долга сообраќајница во „најзелениот автопат на светот“

Дубаи ќе претвори 64 километри долга сообраќајница во „најзелениот автопат на светот“

реклама:DIGITVMK

Дубаи планира да претвори 64 километри долга сообраќајница во „најзелениот автопат на светот“, што ќе биде негов одговор на њујоршки Хај лејн. „Зелениот рбет“ ќе го замени патот „Шеик Мохаман бин Заед“, на кој ќе бидат посадени над милион дрвја и ќе бидат изградени пешачки патеки и трамвајски систем на соларна енергија.

Целта е да се подобрат урбаниот пејзаж на Дубаи и квалитетот на воздухот, што, пак, би помогнало за разладувањето на градот.

„‘Зелениот рбет на Дубаи‘ не е само транзит, туку и трансформирање на урбаната функционалност и правење на градот попогоден за живеење и посвртен кон луѓето. Тој ги предизвикува конвенционалните инфраструктурни норми и покажува дека улиците можат да го подобрат квалитетот на животот“, велат од архитектонското студио „Урх“, кое го прави проектот.

Засега нема краен рок за завршување на 64-километарскиот пејзаж, но ова е дел од големиот урбан план „Дубаи 2040“, чија цел е подобрување на квалитетот на животот во градот, чие население треба да порасне на осум милиони луѓе во следните две децении.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------