Home INFO Ќе ве воодушеви: Вкусна торта од крем банани,нема печење, готова е за...

Ќе ве воодушеви: Вкусна торта од крем банани,нема печење, готова е за 10 минути

реклама:

Разубавете си го денот со една вкусна торта која ќе ви одземе минимално време за подготовка.

Овој рецепт е идеален за сите оние кои не сакаат да минуваат долго време во кујна.

Тортата е готова е за само 15 минути, нема печење и е многу едноставна за подготовка.

Еве што ви е потребно:

Состав:

1 пакување бисквити
24 чоколадни крем банани
200 милилитри кисела павлака
200 милилитри слатка павлака
200 грама шеќер во прав
Шлаг пена
Подготовка:

Во поголем сад со помош на миксер изматете ги киселата и слатката павлака и додадете го шеќерот во прав. Во смесата додајте ги искршените бисквити а потоа и крем бананите кои исто така се кршени. Измешајте со рака.

Смесата префрлете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг пена.

Доколку е потребно, можете веднаш да ја сервирате тортата, иако многу подобро е пред да ја сервирате, да ја оставите малку да се олади во фрижидерот.

Добар апетит!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------