Home INFO Едно видео промени се: Како планератно познатиот готвач Нусрет Гокче заработи...

Едно видео промени се: Како планератно познатиот готвач Нусрет Гокче заработи милиони

реклама:

Salt Bae или Нусрет Гокче е еден од најпознатите готвачи во светот, популарен по неговиот препознатлив стил на сечење и посолување на месото.

Има 37 години, а својата популарност ја стекна изминативе пет години. Нусрет се прослави благодарение на видеата на кои приготвува месо, и тоа со вистинска страст кон својата работа. Актуелноста на социјалните мрежи му овозможи денес да поседува 18 ресторани, па дури и хотел.

Роден е во Турција и потекнува од сиромашно семејство. Неговиот татко бил рудар а неповолната финансиска ситуација го принудила да се откаже од основното образование и да работи како чирак во месара во Истанбул.

Искуството кај месарот го натерало да се посвети на готвењето кое подоцна му донело милиони.

Во преиодот од 2007 до 2010 работел низ ресторани во неколку држави меѓу кои и САД. Многу често и не добивал паричен надомест, но целта му била да го усоврши занаетот.

Својот прв ресторан го отворил во 2010 година ви Истанбул.

Видеото што го прослави е со наслов Ottoman Steak и беше објавено во јануари 2017 година, а она што им привлече најмногу внимание на сите е препознатливиот начин на кој го посолува месото.

Видеото стана вирално а Нусрет го доби прекарот Salt Bae поради начинот на којшто го сече и посолува место.

Нусрет има неверојатни 36,5 милиони следбеници на Инстаграм. Изминативе неколку години отвори 18 ресторани за месо, како и еден ресторан за брза храна, на 15 локации ширум светот, како Дубаи, Анкара, Лос Анџелес, Миконос, Катар, Њујорк…

Јавноста малку знае за неговиот приватен живот. Се шпекулира дека е сингл, но и татко на дури 13 деца.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------