Home INFO Египет ќе го тужи Нетфликс поради Клеопатра (видео)

Египет ќе го тужи Нетфликс поради Клеопатра (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Стриминг платформата Нетфликс предизвика бура од реакции по најавата за документарната серија “Клеопатра”.

Во Египет се подготвува и тужба против оваа фирма. Имено, адвокатот Махмуд сл-Семари од Египет, одлучил да го тужи Нетфликс поради тоа што кралицата Клеопатра од истоимената серија ја прикажал како црна жена.

Според него, станува збор за случај на негирање на египетскиот идентитет, па поради ова сите кои се инволвирани во истиот треба да одговараат пред законот. Адвокатот се залага за потполна забрана на Нетфликс во Египет.

Од друга страна, главната актерка Адел Џемс, која ќе ја глуми Клеопатра, порачала дека оној кој не е задоволен од кастингот, не мора да ја гледа ниту серијата.

За потсетување, Нетфликс веќе доби голем број на критики на друштвените мрежи, примарно од страна на Грци, поради изборот кралицата Клеопатра да e црна.
Поради огромниот број негативни коментари, Нетфликс ја исклучи можноста за коментари на трејлерот на серијата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------