Home INFO Ексклузивно интервју со Опра: Синот на Адел не знае дека таа е...

Ексклузивно интервју со Опра: Синот на Адел не знае дека таа е мега популарна (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Долгоочекуваната специјална емисија на Опра Винфри – „Адел: Само една ноќ“ , откри многу детали од приватниот живот на поп ѕвездата.

Во тек на разговорот со Опра, Адел открла дека нејзиниот 9 годишен син Анџело сеуште не е потполно свесен за мега популарноста на неговата мајка.

„Дали Анџело знае дека ти си Адел? Винфри ја праша пејачката додека траеше интервјуто.

Адел, рече дека немал поим до неодамна кога видел низа лајкови и коментари на социјалните мрежи, „а потоа констатирал: „На луѓето навистина им се допаѓаш“.

„Тој почнува да сфаќа малку, но не навистина“, додаде таа.

Интимниот концерт снимен во опсерваторијата Грифит во Лос Анџелес минатиот месец е првпат нејзиниот син да ја види нејзината изведба.

Концертот и интервјуто со Винфри беа комбинирани за специјалната емисија на CBS што се емитуваше во неделата вечер.

„Апсолутна чест на мојот живот е што те имам овде, душо“, му рекла Адел на својот син од сцената.

Нејзиниот нов албум „30“ е наменет како начин да му ги пренесе на синот чувствата што доведоа до нејзиниот развод во 2019 година кога тој ќе достигне полнолетство, откри Адел.

Адел и таткото на Анџело, Сајмон Конецки, живеат еден од друг во Беверли Хилс. Тие останаа пријатели по разводот.

„Навистина се игнорирав себеси. Долго време“, рече Адел за причините за раскинувањето.

Пејачката открва дека понекогаш се чувствувала „донекаде себична“ затоа што ја разбила семејната среќа на нејзиното дете во потрага по сопствена среќа.

„И знаев дека како возрасен, Анџело ќе биде лут на мене што го направив тоа. Знаев дека кога ќе стане возрасен ќе биде бесен на мене. И јас не го сакав тоа. Но, беше, беше напорна работа“.

Во видеото подолу погледнете дел од ексклузвното интервју.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------