Home INFO Елмас: Одигравме меч за почит со Италија, можевме да дадеме уште еден...

Елмас: Одигравме меч за почит со Италија, можевме да дадеме уште еден гол

реклама:

Македонија остана непоразена во уште еден дуел со Италија и со тоа уште еднаш потврдивме дека во оваа наша селекција има квалитет, знаење, потенцијал за големи работи.

Еден од оние кои многу добро ги знаеја Италијанците е Елиф Елмас кој вечерва ги одигра сите 90 минути и им направи големи проблеми на „аѕурите“ особено во самата завршница во која и ние го дадовме голот за реми преку Енис Барди,

-Секогаш е тешко да се игра против европски првак, но ние одигравме тактички дисциплинирано, знаевме што се брата од нас, знаевме кои страни се силни на Италија. Во првиот дел немавме многу напади, но кога примивме гол тргнавме во напад и да се надигруваме. Излеговме горе на висок пресинг, покажавме дека сакаме да се надигруваме, игравме играч на играч, а за да така против една ваква селекција треба да имаш доста страст и желба.

-Веднаш кога тргнавме, се смени играта, напаѓавме, ја имавме топката. Голот што ни беше потребен пристигна веднаш. Можеби можевме да дадеме уште еден гол, ама тоа е фудбалот. Ама одигравме натпревар за почит, -порача Елмас.

Наредната средба ја играме на гостински терен против Малта на 12 септември.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------