Home INFO Елон Маск добил близнаци минатата година?! Мајката е негова блиска соработничка

Елон Маск добил близнаци минатата година?! Мајката е негова блиска соработничка

реклама:Велигден со Стаф

Милијардерот Елон Маск вешто ја крие својата приватност, особено кога станува збор за неговото потомство.

Според „Бизнис инсајдер“, Маск во ноември 2021 година станал татко на близнаци.

Мајката на близнаците, Шивон Зилис е извршен директор на стартап на Макс.

Со раѓањето на близнаците, според она што е познато во јавноста, бројот на децата на Маск се искачи на девет.

Две деца доби со канадската пејачка Грајмс, а пет со поранешната партнерка Џастин Вилсон.

Маск од бракот со Џастин Вилсон ги има: Грифин, Вивијан Џена, Каи, Саксон и Демијан.

Шивон Зилис почнала да работи за „Неуралинк“ во мај 2017 година, а во исто време беше назначена за директорка на проектот за вештачка интелигенција во „Тесла“, каде што работела до 2019 година.

„Бизнис инсајдер“ наведува дека на Зилис и било наложено да го води Твитер откако Маск го презел гигантот на социјалните мрежи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------