Home INFO Еве каде ќерката на Цеца го снима нејзиниот прв албум во Скопје

Еве каде ќерката на Цеца го снима нејзиниот прв албум во Скопје

реклама:Велигден со Стаф

По теркот на голем дел од пејачите на балканов и откако направи два хита ќерката на Цеца е повторно во Скопје во студиото на Дарко Димитров.

Овој пат таа реши да му ја довери целосно нејзината кариера и заедно со него да го направи својот прв албум кој што треба да биде готов на почетокот на следната година.

Дека е прекрасно дочекана Анастасија редовно се фали на социјалните мрежи но нејзините фанови можеа да ја видат и во работна атмосвера како ги снима песните во студио.

Иако има многу барања за нејзини настапи сепак таа реши да ја послуша својата мајка и сеуште да не настапува, барем додека зад себе не направи повеќе хитови кои што ќе може да ги пее.

Дека покрај првите две песни се во најава уште многу хитови од Анастасија не се сомневаме со оглед на тоа дека се што излегува од студиото на Дарко е хит!

Останува да почекаме и чуеме што сработиле за неколку месеци.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------