Home INFO Еве како да направите совршено селфи

Еве како да направите совршено селфи

SHARE

Ви се чини дека на секоја фотографија излегувате лошо, посебно кога се работи за „селфи“.

Сепак, постои начин да бидете фотогенични.

– Ако стоите, префрлете ја тежината на една нога. Ако телото ви е наведнато на страна, ќе изгледате поприродно. Доколку седите, благо накривете се.

– Наведнете се кон фотоапаратот. Ако вратот ви е премногу долг или имате подбрадок, спуштете ја малку брадата кон градите.

– Немојте да се смеете со широка насмевка, затоа што очите ќе ви станат само две црти. Најдобро е само да се смешкате.

– Никогаш не гледајте право во апаратот, само малку над него.

– Што се однесува до облеката, имајте на ум дека хоризонталните лини „здебелуваат“. Освен тоа, избегнувајте црно и бело, затоа што на фотографиите делуваат безлично.

– Прчењето на усните на „селфи“ е потполно во „аут“. Наместо тоа, со шминка нагласете ги образите и спуштете ја малку главата доле за очите да делуваат посензуално, а лицето послабо.

РЕКЛАМИ:
Loading...