Дваесет и четири годишната Софи Тарнер, актерката која стана планетарно популарна по улогата на Санса Старк во
најпопуларната ТВ-серија, „Игра на тронови“, минатата недела ја доби најважната животна улога.
Софи и нејзиниот сопруг, пејачот Џое Џонас за првпат станаа родители, пренесува ТМЗ.
Тарнер се породила минатата недела,а исто како и венчавката, и бременоста ја чувала во строга тајност.
Сепак, американските медиуми дознаваат дека девојчето го добило името Вила.