Home INFO Еве како на природен начин да си го подобрите расположението!

Еве како на природен начин да си го подобрите расположението!

реклама:Велигден со Стаф
Ви се случува ли да се будите уморни, без трошка енергија во себе? Ова е секојдневие на многумина, а е последица од стресниот начин на живот кој остава последици врз менталното и физичко здравје. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат на природен начин да си го подобрите расположението. Избегнувајте премногу кафе. Доволно е една шолја дневно и тоа пред 10 часот предпладне. Немојте да користите вештачки засладувачи, бидејќи тие се поврзани со лошото расположение. Целосно исфрлете го рафинираниот шеќер од употреба и заменете го со овошен шеќер. Внесувајте повеќе протеини, добри масти и сложени јаглехидрати со секој оброк. Намалете го внесот на алкохол и пијте повеќе вода. Доколку не ви е навика, почнете редовно да вежбате бидејќи ова е најдобриот начин природно да го подобрите расположението. Исто така ќе ви помогне да се организирате и ќе го подобри квалитетот на вашиот сон. Почнете да внесувате повеќе витамин Б, секојдневно минувајте барем 15 минути на сонце и секое утро земајте 2-3 грама рибино масло. И секако, смејте се почесто!
РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------