Home INFO Еве како вашите велигденски јајца да бидат најцврсти

Еве како вашите велигденски јајца да бидат најцврсти

реклама:Велигден со Стаф

Тајната на совршените велигденски јајца не лежи во бојата туку во адекватното варење.

Јајцата може да бидат и небојадисани, ако се сварени така да бидат цврсти, тогаш ќе ги победат и најсилните јајца на противниците.

Меѓутоа проблемот е во тоа што тешко треба да се одреди колку точно време треба да се свари јајце, а на крај да не биде ниту ровко ниту испукано од претераното варење. Овој процес е незоден бидејќи може да видите кое јајце е сварено дури откако ќе го скршите.

Затоа придржувајте се на следните чекори и вашите велигденски јајца ќе бидат цврсти како камен.

– Јајцата ставете ги во длабоко тенџере, па дури тогаш сипете ја водата.

– Водата треба во целост да ги покрие јајцата.

– Додајте една лажица сол во водата.

– Покријте го тенџерето и оставете го на оган да се згрее.

– Проверете кога водата ќе зоврие, оставете ги јајцата да се варат барем пет минути.

-Потоа тргнете го тенџерето од оган, не го тргајте капакот и оставете ги јајцата да отстојат уште 20 минути.

– Дури потоа извадете ги, измијте ги, избришете ги и јајцата се подготвени за бојадисување.

– Бојадисаните јајца најдобро е да ги оставите да отстојат во фрижидер пред да се кршите, за да се стврдне белката.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------