Home INFO Еве кога ќе пристигне втората сезона од серијата „Игри со лигни“

Еве кога ќе пристигне втората сезона од серијата „Игри со лигни“

реклама:DIGITVMK

„Нетфликс“ објави нов тизер за втората сезона на една од своите најгледани серии, „Игра со лигни“. Три години по премиерата на првата сезона, која ја гледаа милиони ширум светот и по која беше создадено истоименото реално шоу, „Нетфликс“ конечно откри кога ќе пристигне новата сезона.

Покрај датумот на премиера на втората сезона, „Нетфликс“ во соопштение потврди дека серијата ќе има и трета сезона, која воедно ќе биде и последна. Премиерата на втората сезона ќе биде на 26 декември, а третата сезона ќе има премиера некаде во 2025 година.

– Три години по победата на „Игра со лигни“, Играчот 456 останува решен да ги пронајде луѓето зад играта и да стави крај на нивниот злобен спорт. Играчот 456 го користи своето освоено богатство за да ја финансира својата потрага, но патот до падот на организацијата се покажува посмртоносен отколку што тој замислуваше. За да ги спречи засекогаш, тој мора повторно да влезе во играта – е описот на новата сезона.

Како што беше претходно најавено, Ли Јунг-џае, Ли Бјунг-хун, Ви Ха-џун и Гонг Јо ќе се вратат во втората сезона, а ќе им се придружат и некои нови имиња.

Првата сезона на „Игра со лигни“ е рангирана како најгледана телевизиска сезона во историјата на „Нетфликс“. Таа доби 14 номинации за Еми, со шест освоени Еми-награди.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------