Home INFO Еве колку би добиле ако рамномерно се поделат сите пари во светот

Еве колку би добиле ако рамномерно се поделат сите пари во светот

реклама:ХитКујна канал

Сте се запрашале ли некогаш колку пари циркулираат низ целиот свет? И по колку би добил секој жител на планетата доколку тие пари рамномерно би се распоредиле.

За почеток, знаеме колку има луѓе на Земјата – се проценува околу 7,25 милијарди.
Сега мораме да утврдиме колку пари има.

Да тргнеме од примерот САД. Американските Федерални резерви испитувале колку американски долари се на располагање на целата планета. Тука се мисли на вистински пари-кеш, значи, на сите постоечки банкноти и монети.

Од економски агол, оваа количина се означува со терминот M0 залихи на пари. Таа ги вклучува сите банкноти и монети во светот: сите оние скриени во перници, заборавени по џеповите, како и парите во трезорите на банките и на улиците. Апсолутно целиот кеш. Според податоците на Федералните резерви во САД пред неколку години вредноста на М0 залихи (американски долари, не и другите валути) беше 1,2 билиони долари или во бројки: 1.200.000.000.000 долари.

Но, потсетете се дека има повеќе пари отколку што навистина постојат во кеш. Парите вртат низ нашиот економски систем и така ја мултипликуваат својата вредност. На пример:

– вие имате еден денар

– тој еден денар го ставате на својата тековна сметка во банка

-банката го позајмува тој денар на некој друг (му дава кредит)

– тој некој го зема едниот денар и купува некоја стока од вас

– вие повторно имате еден денар во кеш, плус оној еден во банката – вкупно два денари.

На тој начин од еден денар во кеш практично настанале четири денари. Во време на нови економски просперитети, парите повеќе се движат низ системот и повеќе ги има во обрт.

Кога има криза, вие го немате тој еден денар да го ставите на тековна сметка, банката нема еден денар да го позајми на некој друг, а тој некој нема пари да купи стока од вас. Помалку пари се во оптек.

Затоа мораме освен вкупната количина кеш да пресметаме и дополнителната количина пари во оптек (парите на тековната и штедната сметка на граѓаните, парите во фондовите..). Како што гледате, пресметувањето на вкупното количество пари само во САД е многу комплицирана рбота, а можете да замислите колку задачата е тешка на ниво во целиот свет.

Сепак, упорни луѓе отсекогаш постоеле, како што е Мајк Хјуит, уредник на економскиот блог „DollarDaze.co“.

Тој пред неколку години пресметал дека вистинската количина кеш на Земјата изнесува 5,2 билиони во доларска противредност, додека „невидливата“ количина, онаа на екраните на банарските компјутери, изнесува 75 билиони.

И тука доаѓа до завршница на нашите пресметки:

1) Кога целиот постоечки кеш во светот (5,2 билиони долари) подеднакво се поделат на сите жители во светот (7,25 милијарди), секој би добил приближно по 717 американски долари.

2) Кога вредноста на сите пари во обрт ширум светот (75 билиони долари) подеднакво се поделат на сите жители во светот (7,25 милијарди), секој би добил приближно по 10.344 американски долари.

РЕКЛАМИ:
Loading...