Home INFO Еве зошто Алберт Ајнштајн бил гениј

Еве зошто Алберт Ајнштајн бил гениј

реклама:G Natural

Физичарот Алберт Ајнштајн бил доказ за моќта на човековиот ум, а научниците конечно сметаат дека откриле зошто!

Aмериканските научници укажуваат дека генијалноста на Ајнштајн е поврзана со обликот на неговиот мозок.

„Иако големината и асиметричниот облик на мозокот на Ајнштајн се нормални, префронталиот, соматосензорниот и примарниот моторен кортекс , како и париеталниот и окципиталните лобуси се невообичаени“, изјави професорот Дин Фолк, од антрополошкиот универзитет на Флорида.

Со помош на 14 нови фотографии од мозокот на Ајнштајн, кои биле изгубени со децении, Фолкс и неговиот тим успеале да направат цел церебрален кортекс на овој научник.

Мозокот на Ајнштајн, со одобрение од неговото семејство, е фотографиран по смртта на научникот во 1955-та година.

Органот е поделен на 240 различни делови поради хистолошкиот преглед. Мозокот бил пратен на медицинскиот универзитет во Принстон.

Иако дел од документите, фотографиите и анализите се изгубени, тимот на доктор Фолк користел материјали од Националниот музеј за здравје и медецина.

Истражувачите го споредиле мозокот на Ајнштајн со уште 85 други. Тие заклучиле дека мозокот на гермаскиот научник има необичен префронтален кортекст кој допринел за неговата когнитивна способниост.

„Се надеваме дека нашето истражување е корисно за оние кои се заинтересирани да го споредат мозокот на Ајнштајн со наредните генијални умови“, наведува Фолк во извештајот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------