Home INFO Европската одбојкарска конфедерација ја пофали кампањата на Кожувчанка!

Европската одбојкарска конфедерација ја пофали кампањата на Кожувчанка!

реклама:

Преку природната вода Изворска, Компанијата Кожувчанка неодамна лансираше кампања преку која ги претставува нашите Херои- Одбојкарите, македонските репрезентативци учесници на Европското првенство во Одбојка 2021.

Кампањата го носи насловот “Ова се нашите Херои!”, ќе трае 2 месеци, а преку неа имаме можност да го запознаеме секој репрезентативец посебно, да дознаеме интересни работи за нив, со повик за заедничко бодрење на престојното Првенство во септември.

Ова е единствена ваква кампања во која една компанија инвестира во промоција на друг, а не на себе!

Кампањата ја објави и Европската одбојкарска ведерација (CEV), на својата официјална веб страна!

Од маргините на спортските вести до национални херои – започнува текстот на веб страната на CEV.

Во текстот посочија дека Кожувчанка ДОО како Компанија несебично ги поддржува и промовира македонските Репрезентативци преку својот бренд- Природната вода Изворска.

Како на нашите одбојкари,така сме горди и на нашата кампања “Ова се нашите Херои” која ја препознаа и на Европско ниво! – велат од Кожувчанка!

ОВДЕ можете да ја погледнете објавата на CEV!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------