Home INFO Фејсбук со „удар“ кон Зум, Скајп и Гугл Мит, воведе соби за...

Фејсбук со „удар“ кон Зум, Скајп и Гугл Мит, воведе соби за видео разговори во својот Месинџер

реклама:

За да се приклучи во светскиот тренд и да биде конкуренција на Зум, Скајп и Гугл Мит и Фејсбук воведе преку неговиот месинџер можност за видео соби.

Сè повеќе луѓе се вклучуваат во видео разговори, за што придонесе и пандемијата на коронавирус, па Фејсбук реши да ги подобри своите функции. Месинџер собите се појавија во некои земји на почетокот на мај, пред да се рашират во поголемиот дел од светот минатата недела.

Заштитата на приватноста во месинџер собите вклучува можност да се контролира кој ја гледа собата и можете да ја заклучите или пак да ја отклучите. Ако е отклучена, секој може да се придружи и да ја сподели со други, но креаторот на собата мора да биде присутен за да започне повикот. Креаторите исто така можат да ги исклучат другите луѓе од разговорот.

За да креирате соба од вашиот телефон, проверете дали ја имате најновата верзија на мобилните апликации за Фејсбук и Месинџер, а потоа отворете ја апликацијата Месинџер. Кликнете на опцијата „Луѓе“ во долниот десен агол и изберете ја опцијата „креирај соба”. Потоа ќе биде побарано да изберете луѓе кои сакате се приклучат на разговорот.

Можете да ја споделите просторијата на почетната страница, во групи и настани, исто така можете да се приклучите од вашиот телефон или компјутер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------