Home INFO Овој продолжен викенд, празничен карантин од 42 часа

Овој продолжен викенд, празничен карантин од 42 часа

реклама:

Во владата во попладневните часови вчера беше одлучено и овој продолжен празничен викенд да се воведе карантин за сите граѓани во Македонија. Но иако претходно се најавуваше дека ќе започне во сабота сепак беше одлучено тој да почне во недела во 11:00 часот и да трае до вторник наутро.

-Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје почина 47-годишен тетовец и тој е 112. жртва на КОВИД-19 во земјата.

-Во изминатите 24 часа се потврдени 23 нови случаи на коронавирус (од 702 тестирања), од кои повеќе од половина се во Скопје (12), па следуваат Куманово и Тетово со по четири, Прилеп со два и еден во Неготино.

-Во Македонија досега има 1.921 заразен со коронавирус, при што има 422 активни случаи.

-Бројката оздравени изнесува 1.387.

-Иако Комисијата за заразни болести претходно предложи 58-часовна забрана за движење овој викенд, Владата донесе одлука таа да почне в недела во 11 часот и да трае до вторник во пет часот.

-За денеска ќе важи „редовниот“ полициски час од 19 до пет часот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------