Home INFO “Фестивалот на џез, светска и современа музика”од 1 до 13 септември 2023...

“Фестивалот на џез, светска и современа музика”од 1 до 13 септември 2023 во Велес

реклама:

Оваа година, “АРТ ГЕНЕРАТОР” со делегирана надлежност од Општина Велес е организатор на фестивалот за “Џез, World и Современа музика” по втор пат.

Фестивалот ќе трае 5 дена од 01-ви до 13-ти септември. На наша голема среќа уште второто издание станува интернационално. Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со
гости од Германија, Австралија и се разбира Македонија.

Првата вечер на (01.09. 2023 год.) е предвидена за Jazz музика, настапуваат “Reel Problems” од Хрватска на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00
часот.

По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.

Втората вечер (02.09. 2023 год) е посветена на современата музика, настапуваат “КЕМ” и “Пијан Славеј” на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.
По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.

Третата вечер (03.09. 2023 год) е посветена на 80 годишнина од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин.
Ќе има концерт на Dine Doneff: “Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи.

Првиот дел ќе се одржи во спомен Костурницата во Велес, со почеток 18:00 часот.

Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.

По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапат: “Aspirin Moon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на
театар “Сенки и Облаци”.

Четвртата вечер (06.09.2023 год) е резервирана за отворање на изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков – Шамба во Europe House Велес.

(13.09.2023 год.) Затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов во Europe House Велес.
За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------