Home INFO Гастрономски тренд: Готвење со пиво

Гастрономски тренд: Готвење со пиво

реклама:Велигден со Стаф

Пивото започнале да го произведуваат жените, па јасно е дека уште од самиот почеток тоа го пронашло своето место во кујната.

Со развојот на технологијата, производството на пивото се повеќе се усовршува. Се создаваат нови вкусови кои освен главната намена, директно консумирање, се користат и во гастрономијата.

Готвењето со пиво станува се попвеќе популарно и застапено, па во продолжение прочитајте неколку информации кои ќе ви бидат од корист доколку практикувате да го користите пивото во кујната.

Пивото дава подобра арома

Отсекогаш биле присутни предрасудите дека виното ѝ дава подобар вкус на храната. Излезете од гастрономската рамка, и наместо со вино во кујната, експериментирајте со пиво. На пример, оризот совршено го апсорбира јачмениот вкус, а вкусот на пченицата се комбинира со горчливо-слатки печурки. Пивото одлично оди и со пилешко.

Пивото добро се вклопува и во десертите

Пивото можете да го додадете во омилените палачинки, браунис колачињата и во други десерти во кои доминира темната чоколада. Со десертите кои содржат овошје одлично одговара светлото, лесно пиво со овошен вкус.

Пивото се користи за различни кулинарски техники

Маринирање, глазирање, печење, варење и динстање, пивото се користи во многу кулинарски техники. Горчливиот хмељ му дава богат вкус на јадењето, а јачменот му дава слаткост. Квасецот пак дава лесен вкус, а неговите ензими се идеални за омекнување на месото.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------