Во саботата во вила во елитната населба Бардовци се одржала геј свадба а на забавата присуствувале и познати фаци од јавниот живот.
Младоженците – момче од Скопје и неговиот избраник, момче од Австралија со македонско потекло за пријателите направиле веселба и го официјализирале нивниот неодамна склопен брак.
Гостите ги забавувала фолк пејачката Благица Павловска и уште еден фолк пејач. Меѓу гостите била и Лила Стојановска која и преку нејзиниот инстаграм профил потврди дека веселбата била многу убава и и било многу интересно.
Веселбата била до доцна во ноќта а највеселите завршиле во популарно кафуле во Скопје. Гостите биле замолени да не ги снимаат, младоженците инсистирале на дискреција без да бидат сликани.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------