Home INFO Го уредила станот да биде ист како тој од „Пријатели“, па сега...

Го уредила станот да биде ист како тој од „Пријатели“, па сега го изнајмува

реклама:

Сопственичката на еден стан во Бразил го уредила да изгледа речиси исто како оној од неповторливата серија „Пријатели“.

Таа на „Тик-ток“ објави видео од станот кое е прегледано повеќе од 1,6 милиони пати. На видеото можете да видите многу детали што ќе ги препознаете доколку сте обожаватели на серијата „Пријатели“.

– Моника Гелер има стан во Бразил. Неверојатно, нели? – пишува сопственичката на станот под видеото.

Сите фотографии од станот можат да се видат на веб-страницата на „Ербиенби“ со оглед на тоа што станот може да се изнајми.

@apedamonica

♬ som original – Apê da Monica

„Станот на Моника“ се наоѓа во Порто Алегре, а за ноќевање во средината на февруари треба да издвоите 164 евра.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------