АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Непристојно однесување на плажа во близина на Задар предизвика реакции кај граѓаните.

На брегот во близина на Шепурине, недалеку од Задар, е забележана ситуација која ги вознемири локалните жители и туристите. Според наводи од читател на порталот 057info, неколку лица биле затекнати во непристојно однесување на јавна плажа во текот на денот.

Фотографијата од инцидентот, која била доставена до редакцијата, прикажува група луѓе во недозволен чин на локација која е достапна и за семејства со деца, како и за други посетители. Читателот изразува загриженост поради сè почестите вакви ситуации, особено потенцирајќи дека вакви појави редовно се случуваат на потегот помеѓу Затон и поранешната касарна Шепурине.

„Станува збор за прекрасен дел од брегот, но поради сè почестите инциденти, многу семејства го избегнуваат доаѓањето. Однесувањето на поединци го нарушува угледот на целата дестинација, а реакциите од надлежните институции, за жал, изостануваат“, наведува загрижен граѓанин.

Потсетуваме, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, непристојно однесување на јавни места може да биде санкционирано со парична казна до 1.000 евра, доколку ги навредува моралните чувства на граѓаните или го нарушува јавниот ред и мир.

Граѓаните апелираат до надлежните служби да го засилат надзорот и присуството на вакви локации за да се зачуваат безбедноста и достоинството на јавниот простор.

РЕКЛАМИ: