Home INFO Холивуд во акција: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс со неверојатен потег за...

Холивуд во акција: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс со неверојатен потег за помош за Украина

реклама:Велигден со Стаф

Нападот на Украина од страна на Русија го потресе целиот свет, а сите стравуваат за судбината на украинското население.

И додека многу јавни личности се огласија на социјалните мрежи со поддршка за Украина, брачнит пар Блејк Лајвлји и Рајан Рејнолс се одлучија да превземат нешто повеќе од јавна поддршка за Украинците.
Имено тие се придружија на донаторската акција на УНХЦР а како што соопштија на своите официјални страници на социјалните мрежи, за секоја направена донација на УНХЦР, тие ќе ја донираат истата сума пари, сѐ додека не стигнат до еден милион долари.

Сопружниците Блејк Лајвли и Рајан Рејнолс решија да се придружат на донаторската акција на УНХЦР со која ќе му се помогне на украинскиот народ. Имено, како што соопштија на своите официјални страници на социјалните мрежи, за секоја направена донација на УНХЦР, тие ќе ја донираат истата сума пари, сѐ додека не стигнат до еден милион долари.

„За 48 часа, бројни Украинци беа приморани да ги напуштат нивните домови и да се засолнат во соседните земји. На нив им е потребна заштита, а ‘САД за УНХЦР’ ќе им ја овозможи. Кога ќе донирате, ние ќе ја донираме истата сума – сѐ до еден милион долари“, напиша Рајан Рејнолдс на социјалната мрежа Инстаграм.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------