Home INFO Хороскопските знаци и неверството

Хороскопските знаци и неверството

реклама:Велигден со Стаф

Кој е авантурист, приврзан, кој простува неверство, кој е мајстор за правење сцени, кој сака најсилно, а кој е талентиран успешно да се скрие.

Дознајте во продолжение за верноста на секој хороскопски знак.

ОВЕН – Овенот по природа е авантурист и ужива во тајните врски и во љубовта за која ретко кој знае. Голем љубовник е, но никогаш не дозволува во неговиот живот да преувладуваат емоциите. Но, затоа што во душа е романтичар, понекогаш и овенот знае да се занесе. Иако не е злопамтило и не се одмаздува, ако осети дека партнерот не му се посветува доволно или мисли дека го изневерува, тој ја напушта врската во истиот момент.

БИК – Бикот очекува лојалност и приврзаност, затоа што неверството за него значи навреда на неговото достоинство. Но, ако се најде во ситуација да искористи можност, а да не биде откриен во неверство, тој ќе ја искористи и ќе се потруди неговиот партнер никогаш да не дознае за тоа. Сепак, не ја раскинува врската, ниту бракот и умее да биде верен додека партнерот му е верен на него.

БЛИЗНАЦИ – Близнаците никогаш не го планираат неверството, но тоа го чинат во моментот и без размислување. Ако се посомневаат во верноста на саканата личност, простуваат, затоа што ни самите не се многу подобри. На близнаците неверството едноставно им се случува, а доколку нивниот партнер дознае за тоа, ќе го убедува дека не е вистина. Дури во зрелите години, од близнаците може да се очекува верност и потполна преданост кон партнерот.

РАК – Раковите очекуваат постојано внимание од партнерот. Ако е изневерен, тешко простува и е подговен на одмазда. Може да поминат месеци, па и години, но Ракот сигурно ќе најде начин да го возврати ударот. Покрај тоа што е злопамтило, ракот е паничар и мајстор за правење сцени. Но, воедно е и голем романтичар, а кога ќе се заљуби, прави се за партнерот и не спаѓа во оние знаци кои се склони на неверство.

ЛАВ – Кога лавот сака, за него не постои никој друг. Верен е, па дури и ако не е задоволен, но многу ја цени верноста. Ако е изневерен знае да биде одмаздољубив, а кога партнерот ќе му здосади, во состојба се да се разведат без да се обиде да се смират со партнерот. Лавот не се согласува на компромиси, но затоа е комплетно посветен на личноста која ја сака.

ДЕВИЦА – Девицата умее долго време да ја крие тајната врска на долги патеки и тоа вешто го прави. Иако во суштина не простува лесно, ако е изневерена, ќе прејде преку неверството на партнерот без сцени и расправии. Неверството го простува, но не го заборава, затоа ќе врати дупло кога ќе му се укаже можност.

ВАГА – Доколку Вагата е изневерена станува рационална и ладна, а кога ќе дојде време да се одмазди обично повеќе тоа не и важно затоа што веќе се заљубила во друга личност. Ако и се пружи шанса за неверство, добро ќе размисли, но на флертот нема да може да одолее. Тешко се согласува на неверство, не заради преданоста кон партнерот, туку поради можноста да биде откриена и така да се изложи на критика од друштвото.

ШКОРПИЈА – Шкорпиите не простуваат неверство, затоа што имаат високи стандарди кога љубовта е во прашање и секогаш е подготвена да даде се од себе за личноста која ја сака. Шкорпијата знае да биде непредвидлива, па ако партнерот и здосади, таа си оди и нема враќање. Ако до раскинување дошло поради недоразбирање, подготвена е да даде втора шанса, но неверството не го простува.

СТРЕЛЕЦ – Неверен е по природа, па дури и кога се труди да биде – тој едноставно не може да одолее на љубовниот предизвик. Ако остане во еден брак, што е реткост, не е верен. Од друга страна, и самиот е подготвен да го прости неверството на партнерот затоа што е свесен дека на некој начин тоа го заслужил. Слично со Близнаците, и Стрелецот со годините станува питом и позрел, па така и верен на својот партнер.

ЈАРЕЦ – Додека е во врска, најчесто е верен, но во брак е склон на неверства. Иако моќе да има паралелна врска, ќе се труди да го одржи бракот. Како и останатите земјени знаци, Јарецот е подготвен да пројде преку се, за да го сочува друштвениот углед и статус.

ВОДОЛИЈА – Водолијата сака на другите да им држи лекции за моралот додека и самата ги крши. Иако умее да биде неверна, Водолијата тешко простува, затоа што не може да поверува дека нивниот партнер си нашол некој поинтересен од нив. Затоа што од себе ги одбива сите оние кои им се предадени комплетно, Водолијата обично завршува покрај партнер кој ќе биде се друго, само не верен.

РИБИ – Иако во суштина се морални и не бараат врски од страна, Рибите често не можат да останат рамнодушни на игрите за заведување. Но, ако е изневерена, подготвена е да прости затоа што и е важно да ја зачува врската и бракот. Лесно се навредува, но ако сака се да прости поради љубовта која и е неопходна.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------