Home INFO Храна за машко здравје и совети од нутриционист Татјана Павлова

Храна за машко здравје и совети од нутриционист Татјана Павлова

реклама:

Мажите се разликуваат од жените по многу нешта, а еден од нив се нутритивните потреби. Како што на жените им се потребни одредени хранливи материи за време на бременоста или за заштита од рак на дојка, на мажите исто така им се потребни хранливи материи кои го спречуваат ракот на простата или го зачувуваат мускулното ткиво.
Пад на тестостерон или вишок на естроген доведува до неплодност, до дебелина, намалена сексуална функција пад на енергија и живост. Тестостеронот се претвара во естроген при вишок на маснотии во телото, континуиран стрес, нередовен сон, неправилна исхрана. Сиот овој процес се одвива преку одреден ензим ароматаза. Процесот преку храна можеме да го спречиме или контролираме токму со контрола на овој ензим.
За да го намалат ризикот од срцеви заболувања и рак, но и да ги подобрат своите вкупни перформанси, мажите дефинитивно треба да ги направат следните намирници редовен дел од нивната исхрана. Потребно е да знаеме како да ги одбереме правилно намирниците првенствено намирници богати со Д вит и Цинк

1. Домати за простата

Доматите, особено производите од домати, се одличен извор на ликопен. Ликопенот е каротеноид, природен антиоксиданс кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот, со интензивната црвена боја. Во телото тој е концентриран во простатата и тестисите, а неговата консумација е поврзана со намален ризик од рак на простата.
Така, студијата за следење на здравствените професионалци – студија чија цел е да го проучува влијанието на исхраната врз инциденцата на сериозни болести исклучиво кај мажите – покажа меѓу 50.000 испитаници дека најмалку 2 порции сос од домати неделно го намалуваат ризикот од простата рак за 23 проценти. Лубеницата исто така содржи ликопен, и истакнато соединение во неа е цитрулинот, кој директно влијае на крвните садови и има стимулирачко дејство

2. Масна риба за здраво срце

Добро е познато дека масната риба (лосос, сардина, туна, скуша) е најдобар извор на омега-3 масни киселини, особено еикозапентаеновата (EPA) и докосахексаенонската (DHA) масни киселини. Овие вредни полинезаситени масти придонесуваат за нормална функција на срцето и се исклучително важни за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Во исто време, рибата се издвојува по содржината на висококвалитетни протеини и бројни витамини и минерали, особено антиоксидантот селен. Се препорачува да се консумира мрсна риба најмалку 2 пати неделно.

3. Јајца за здрава и квалитетна коса

Јајцата се издвојуваат по нивната висококвалитетна содржина на протеини, кои се неопходни за раст на косата. Тие исто така содржат биотин, витамин од групата Б исклучително важен за здравјето на косата бидејќи ги зајакнува фоликулите на косата. Жолчката од јајце е исто така вреден извор на селен и цинк, 2 минерали кои придонесуваат за одржување на нормална коса. Недоволното внесување на цинк, на пример, може да резултира со тенка коса, како и губење на косата.

4. Шампињони
Печурките содржат многу малку холестерол и практично немаат маснотии или натриум во својот состав. Содржат комплекс на витамин Д и на овој начин печурките ослободуваат енергија од мастите, протеините и јаглехидратите во храната. Линолеинската киселина во печурките спречува рак на дојка и простата. Печурките можат да ги консумираат и дијабетичарите бидејќи не содржат масти и го поттикнуваат нормалното функционирање на црниот дроб, панкреасот и ендокрините жлезди. Тие содржат природен инсулин и ензими кои помагаат да се намали шеќерот во крвта. Пет печурки во просек имаат само 20 калории, но се богати со хранливи материи. Тие се одлична замена за месото и една од ретките намирници кои не снабдуваат со витамин Д.

5. Храна богата со цинк
Број еден се остригите. Цинкоте е елемент кој активира преку 200 ензими во нашето тело. Кога разговараме за машко репродуктивно здравје недостатокот на цинк доведува до пад на бројот на сперматозоидите. Еден зрел маж н авозраст од 19 години па нагоре потребно е да зема окоу 11 мг цинк. Цинкот исто така претставува и храна за мозокот каде неговата концентрација е поголема отколку во крвтта. Храна богата со цинк е црвеното месо, семките, остриги, од мешунките наут грав и леќа,индиски ореви, бадем и кикирики, во житарките го има во пченица, киноа и нешто во ориз додека овошјето и зеленчукот се слаби извори на цинк

6. Храна богата со Холин
Ако сакаме да консумираме само растителна храна, би требало да консумираме големи количини зеленчук и цели зрна за да ги задоволиме потребите на телото за витамин Б4. Холин (витамин Б4) е витална супстанција важна за здравјето на црниот дроб и нервите . Холинот најмногу го има во храната од животинско потекло, која може да се користи за регулирање на состојбата на замастен црн дроб. Задачата на холинот е да ги обработува и транспортира масните молекули од црниот дроб и другите органи. Недоволно количество холин може да предизвика таложење на маснотии во црниот дроб и да доведе до покачување на телесната тежина. Експертите наведуваат дека холинот го чува здравјето на нервниот систем, ни овозможува да имаме добра меморија и расположение. Холинот е од суштинско значење за доброто функционирање на црниот дроб и мускулите, претворајќи ги липидите во енергија.
Холинот е најзастапен во храната од животинско потекло како говедско и свинско месо, пилешко, риба, млечни производи и јајца. Холинот го има и во компирот, брокулата, карфиолот, гравот, јаткастите плодови, семките и интегралните житарки.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------