Home INFO И после на нашите млади им било тешко, по 4 месеци заврши...

И после на нашите млади им било тешко, по 4 месеци заврши најскапата свадба во Индија

реклама:G Natural

Вчера во Мумбаи заврши свадбениот прием на најмладиот син на најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, Анант (29) и неговата избраничка Радика Мерчант (29), а нивната венчавка многумина ја оценија како „свадба на годината“.

Младенците вчера славеа со своите гости во конгресниот центар Џио Ворлд Драјв во Мумбаи, кој е во сопственост на семејството Амбани. Свадбената церемонија беше дел од Фестивалот на блаженството, кој привлече огромно внимание и интерес, пренесува АП.

Меѓу гостите на оваа гламурозна прослава беа поранешните британски премиери Тони Блер и Борис Џонсон, музичките ѕвезди Адел, Лана Дел Реј и Дрејк, како и фудбалската икона Дејвид Бекам. Сепак, семејството Амбани се уште официјално не го потврдило списокот на гостите, што дополнително ја зголеми мистеријата и возбудата околу настанот.

Поради свадбените свечености, сообраќајот во дел од Мумбаи ќе биде изменет до понеделник, што предизвика незадоволство кај жителите кои веќе се соочуваат со постојан метеж. Луксузот на венчавката доведе многумина да покренат прашања за растечката нееднаквост во Индија, каде што јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемува.

Свадбените веселби започнаа уште во март, кога семејството на младенците организираше тридневна забава на која присуствуваа 1.200 гости, меѓу кои и поранешни светски лидери, бизнисмени и ѕвезди од Боливуд. На оваа забава настапи и познатата пејачка Ријана.

Потоа, во мај, семејството Амбани организираше тридневно крстарење од Италија до Франција, на кое гости беа забавувани од музичките ѕвезди Кејти Пери и Питбул, со што дополнително ја зголемија грандиозноста на свадбените свечености.

Мукеш Амбани, со богатство проценето на 116 милијарди долари според Форбс, е деветтиот најбогат човек во светот. Неговата нова снаа, Радика Мерчант, е ќерка на фармацевтскиот бизнисмен Вирен Мерчант и работи како маркетинг директор на неговата компанија „Encore Healthcare“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------