Home INFO Има и човечки жртви: Рап концерт во Америка заврши фатално (видео)

Има и човечки жртви: Рап концерт во Америка заврши фатално (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Паничното туркање на посетителте на рап концерт во близината на Њујорк допринесе за фатален исход со човечки жртви и повредени.

Имено, на концертот на кој предходно се појавиле рапери од Мемфис, посетители почнале панично да бегаат поради неоснован страв од пукање.

Толпата се упатила кон излезите од концертната област околу 23 часот по локално време, изјави денеска началникот на полицијата Дејвид Смит.

„Немаме докази дека имало пукање, дека некој бил застрелан или прободен со нож на местото на настанот“, изјавил Смит.

На местото на несреќата полицијата затекнала три многу тешко повредени жени. Едната, 33-годишна, починала во болница, а двете се уште се во критична состојба.

Повредени се уште седум лица, кои исто така се хоспитализирани, но нивните повреди не се опасни по живот.

Наводно олицијата истражува неколку можни причини за паниката, вклучително и големината на толпата, испуканите истрели, употребата на бибер спреј и друго.

Градоначалникот на Рочестер,местото на одржување на кобниот концерт, Малик Еванс, го нарече смртоносното стампедо „целосно неприфатливо“ и вети темелна истрага за тоа дали организаторите на концертот спровеле соодветни безбедносни мерки со оглед на масовниот собир.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------