Home ШОУ БИЗз Мак сцена Има ли Владо Јаневски нова љубов?!

Има ли Владо Јаневски нова љубов?!

реклама:Велигден со Стаф

Моделот и бизнисменка Дунавка Трифуновска е во врска со музичарот Владо Јаневски, пренесоа неколку македонски медиуми. Дунавка се појави во спотот на Владо за неговата последна песна „Главен град на тагата“, а пријатели блиски на двојката рекле дека тие се заедно уште од пред снимањето на спотот.

Дунавка на својот профил неодамна објави слика на која е гушната со поп-пејачот и под која, меѓу другото напиша: „Волим те будало мала“. Пријателите ѝ напишаа дека двајцата блескаат на фотографијата, а доби и порака во коментар „Дали ќе биде лесно? Не. Дали вреди? Апсолутно“, што ги зголеми зборувањата дека таа и Владо се во врска.

Таа на Фејсбук објави и фотографија од Владо со најава за неговиот концерт во Охрид што ќе се одржи на 5 август.

„Во прво лице ќе ви ги раскаже своите совршени љубовни приказни од глацвниот град на неговото срце. Охрид ќе гори од љубов. Антички ќе мириса на романтика“, напиша таа покрај фотографијата и додаде дека „се чувствува посебно“.

Ниту Владо ни Дунавка официјално не ја потврдија врската.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------