АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Со неговата широка, ведра насмевка по која е препознатил, принцот Џорџ позираше за официјален портрет по повод неговиот петти роденден.

Принцот Џорџ е првото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тој е трет во линијата за наследување на британскиот принц, по дедо му, принцот Чарлс, и татко му, принцот Вилијам.

Фотографијата е направена на денот на крштевката на неговиот помал брат, принцот Луис, пред еден месец, од Мет Портеус, личен фотограф на нивните родители, војводата и војвотката од Кембриџ.

Принцот Џорџ веднаш стана миленик на јавноста со неговите шармантни гримаси, а сепак кралско држење.

РЕКЛАМИ: