Home INFO Исповед на Николина Пишек: По смртта на Видое не исфрлија на улица!

Исповед на Николина Пишек: По смртта на Видое не исфрлија на улица!

реклама:G Natural

Хрватската водителка Николина Пишек, во мај минатата година остана без својот сопруг Видое Ристовиќ, кој почина за време на масажа во козметички салон.

После десет години живот во Белград, Николина била прнудена заедно со 8 годишната ќерка Уна да се врати во Загреб, бидејќи во Србија буквално немале каде да живеат.

Во интервју за Глорија, водителката раскажува за голготата низ која проаѓала изминатава година.

– Кога ми почина сопругот, се најдовме на улица, буквално без ништо. Не ни дозволија ништо да земеме од станот, ниту играчките на Уна. Добив еднократна помош од добар пријател, кој ми помогна да имам за најосновните трошоци. Знаев дека морам да ги земам работите во свои раце, Уна веќе почна да оди на училиште во Загреб – раскажува Николина.

Пред смртта на Видое, Пишек била во контакт со неговиот татко.

– Видое последните шест години практично не разговараше со својот татко. Сега ниту ние не контактираме. Ниту него ниту неговата сопруга не ги интересира внуката. Повремено им праќам фотографии од Уна, им пишувам нешто што се случило. И никогаш не добивам одговор. Пред некој ден ќерката ме праша дали има баба и дедо, не знаев што да и одговорам. Таа е сеуште мала за да сфати зошто повеќе не живее во Белград.Таа го изгуби семејството, играчките, спомените и мислам дека нејзината реакција повеќе не е само тага, туку се обидува да ја разјасни ситуацијата. А јас имам проблем да и објаснам дека не треба да чувствува вина за ова што се случува.

Имотот на Видое е предмет на наследен спор.

– Колку во Хрватска се брзи судските спорови, толку во Србија се спори! – наведува Николина. Имам впечаток дека сите се однесуваат како ние две и да не сме постоеле, не превземаат ништо за да започне процесот. Јас во неколку навради го пријавив мојот свекор поради заканите упатени кон мене, но засега ништо не е превземено. Дури не е направен ниту попис на имотот.

Водителката открива дека по смртта на сопругот изгубила и многу блиски пријатели.

– Тогаш се покажа кој е кој. Оние кои не биле прави, на мое изненадување едноставно ги снема иако предходно беа многу големи на зборови. Малку пријатели останаа, но среќна сум што во животот ми се појавија некои нови луѓе, без било каков интерес. За жал неможев да се потпрам на моето семејство, татко ми почина шест месеци пред смртта на Видое, а мајка ми сериозно се разболе како последица на стрес. Не можам да се потпрам на неа ниту пак на постарата ќерка Леонарда која мораше да им се врати на обврските на факултет.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------