Home INFO Изгледа непрепознатливо: Што се случува со синот на Лепа Брена? (видео)

Изгледа непрепознатливо: Што се случува со синот на Лепа Брена? (видео)

реклама:G Natural

Стефан Живојиновиќ во јавноста е познат како постариот син на Лепа Брена.

Со помош на мајка му, тој се обиде да изгради музичка кариера. Имаше неколку настапи со својата мајка, но неговата кариера траеше прекратко.

Пејачот, претходната година се повлече од музичка сцена и го даде своето последно интервју истакнувајќи дека повеќе нема да е дел од естрадаta и дека започнал нешто ново.

Отогаш Стефан не се појавува ни во медиумите, ниту пак во октомври се појави на роденденот на Лепа Брена. Не објавува фотографии ниту на неговиот Инстаграм профил.

Се шпекулираше дека Живојиновиќ не е во добри односи со семејството. Нaводно, Брена му забранила на Стефан да се ожени со својата сегашна девојка,бидејки сметала дека таа негативно влијае врз него.

Стефан поради таа одлука заминал и повеќе не разговара со Брена и Боба, па дури и со својот брат Виктор, па поради и тоа не ги посетува во нивниот дом на Бежаниска коса.

Деновиве, синот на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ славеше роденден, а Стефан пристигна на прославата каде се задржал само неколку минути.

Екипата на „Папарацо лов“ го снимаше пејачот како доаѓа во домот на Филип, а јавноста беше изненадена од неговиот изглед.

Во опуштено издание, со долга коса и маска на лицето, Стефан изгледа непрепознатливо.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------