
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Во изминатиот период во речиси сите градинки во Скопје се реализира едукативниот проект со „изворска јуниор“ – „Екоавантура“.
Одиграни беа над 60 претстави пред повеќе од 11.000 присутни мали гледачи, а карванот продолжува и во другите градови во државата.
„Изворска јуниор“ преку „Екоаавантура“ ја пренесува пораката дека грижата за себе и грижата за природата се учат паралелно. Децата преку игра, приказна и интеракција добиваат први навики за хидратација, правилно справување со отпад и почит кон средината во која растат.

Претставата е во продукција на „Триангл“, а режијата е на Десанка Глигоријевиќ. Содржината е приспоосбена за детска возраст и на едноставен начин ги објаснува темите за рециклирање и чиста животна средина. Воспитувачите ја опишуваат како корисна за секојдневната работа со децата, а претставата лесно се вклопува во програмите за учење преку игра.
„Екоавантура“ е само еден од начините преку кои компанијата „Кожувчанка“ ја покажува својата долгорочна ориентација кон децата како наша иднина и кон младите луѓе, кои ќе ја градат свеста за околината во која живеат.

Со „изворска јуниор“ како дел од овој проект пораката е едноставна:
Кога навиките за хидратација и грижата за природата се градат уште од најмала возраст, тие остануваат со нас цел живот!






