АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Познато е дека Јелена Карлеуша не знае за доста кога е во прашање гардеробата и модните додатоци.

Пејачката троши огромна сума на пари за ова и повеќе пати е прогласена за модна икона и најдобро облечена жена во Србија и пошироко.

На јавноста и е познато дека секое парче кое го носи Јелена е брендирано и доста скапо.

View this post on Instagram

????

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Таа неодамна на својот Инстаграм профил се пофали со нова чанта од најскапиот бренд на светот кој е подарок од нејзиниот сопруг Душко.

Легендарната „Биркин“ чанта од луксузниот бренд „Ермес“ која ќе го краси гардероберот на Карлеуша чини вртоглави 10 000 евра.

Инаку, цената на овој моден додаток, именуван по Џејн Биркин, се движи од 11.550 долари до преку 200.000 долари.

„Биркин“ чантата не се рекламира и не е достапна секому, не само поради цената, туку и поради листата на чекање.

РЕКЛАМИ: