Австралиската музичка ѕвезда позната и како „Џебна Венера“ веќе некое време е во врска со креативниот директор на магазинот „ GQ“, Паул Соломонс, со кого се запознала преку заеднички пријател.
Кајли и Паул својата врска сега ја потврдија и со заедничка фотографија на Инстаграм.И тоа романтична фотка на која се во прегратка и позираат во Њујорк.
Кајли инаку на крајот на 2016 година ја заврши врската со британскиот актер Џош Сасео, а раскинувањето го објави во февруари следната година. Иако не ги откри причините за разделбата се шпекулирало дека актерот ја изневерил со колешката Мартина Миланис.