Home INFO Како е да се работи со Лејди Гага: Кратки хорор приказни од...

Како е да се работи со Лејди Гага: Кратки хорор приказни од асистентите на познатите

реклама:Велигден со Стаф

Звучи гламурозно и примамливо да се биде асистент на позната личност.

Но, приказните на луѓето кои порано им биле десна рака на светски познатите личности велат поинаку.

Поранешните асистенти ги откриваат чудните работи кои славните шефови ги барале од нив.

Наоми Кембел

Поранешниот асистент на Наоми Кемпбел, Ребека Вајт, вели дека супермоделот имала специфични барања кои морале да се исполнат пред да престојува во хотелска апартман.

Ребека вели дека Наоми сакала 25 свеќи да бидат поставени на специфини места во апартманот.

„Секогаш мораше да има 5 свеќи во бањата, 10 во спалната соба и 10 во дневната соба“.

Лејди Гага

Тужбата на Џенифер О’Нил против нејзината поранешна шефица со месеци беше актуелна во медиумите.

Поранешната асистентка сведочи:

„Бев покрај неа 24 часа на ден, седум дена неделно. Тоа вклучува спиење во истиот кревет со неа, бидејќи не сакаше да спие сама.“

Џенифер ја тужeла пејачката за 390.000 долари за неплатена прекувремена работа, исто така вели дека морала да и помага на Гага во извршување на основните потреби.

Семејството Кардашијан – Џенер

Членовите на семејството Кардашијан – Џенер имаат голем број домашни миленици, а асистентите откриваат дека никој не се грижи за нив.

„Секој пат кога некој од нив ќе земе домашен миленик, асистентите мора да се грижат за нив. Шетање, чешлање, чистење… За Кардашијанс оваа работа не е толку гламурозна па асистентите ја прават место нив“.

Кристијан Бејл

Харисон Ченг кој некогаш работел за Бејлс напиша биографија за актерот во која детално го опишува своето работно искуство со актерот.

„Морав дури да го мирисам под пазувите пред излегување на црвениот тепих“, пишува тој.

Ана Винтур

Лорен Вајсбергер работеше за славната уредничка, но нејзиното искуство воопшто не било пријатно.

На основа на лошото искуство таа го напиша бестселерот „Ѓаволот носи Прада“ по кој беше направен и филм.

Лорен призна дека сите случувања во книгата не се вистините, но работењето за Ана е хорор.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------